Стармер оптимиста за прекин на огнот во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер изрази оптимизам за можноста за прекин на огнот во Украина, особено пред предвидените разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Овој конфликт трае веќе три години и не сме се приближиле до одржлив начин за постигнување мир“, изјави Стармер при неговото обраќање на состанокот со европските лидери.

„Сега имаме можност, благодарение на напорите што ги вложи американскиот претседател“, додаде тој на новинарите за време на видеоконференцијата пред самитот во Алјаска, кој е закажан за в петок.