Одвратни Гинисови рекорди (видеа)

одвратни рекордиВо Гинисовата книга на рекорди можат да се најдат секаков вид на рекорди. Голем дел од овие рекорди зачудуваат, поради навидум натчовечката способност на некои луѓе да одат „побрзо, повисоко, подалеку“, а некои ве збунуваат со нивната баналност. Но, постојат и такви рекорди кои едноставно ќе ве остават без зборови и ќе се запрашате, „зошто некој доброволно би го направил ова?“


Во Гинисовата книга на рекорди можат да се најдат секаков вид на рекорди. Голем дел од овие рекорди зачудуваат, поради навидум натчовечката способност на некои луѓе да одат „побрзо, повисоко, подалеку“, а некои ве збунуваат со нивната баналност. Но, постојат и такви рекорди кои едноставно ќе ве остават без зборови и ќе се запрашате, „зошто некој доброволно би го направил ова?“

Најмногу млеко исфрлено од солзниот канал
одвратни рекорди

Во 2004 година, Турчинот Мехмет Јилмаз успеал да стави млеко во чаша кафе одалечена 2 метри и 70 сентиметри, користејќи го неговиот солзен канал, со што постави нов чуден Гинисов рекорд. Дваесет и осум годишниот Јилмаз го има достигнато врвот на оваа техника – тој вшмркува млеко низ носот пред да го исфрли низ солзниот канал.

{youtube}UvL89EpoLNQ{/youtube}

Најмногу изедени лебарки
одвратни рекорди

Пензионираниот истребувач, Кен Едвардс од Глосоп, Дербишаер, Англија, изел 36 лебарки во една минута на шоуто „Големиот Појадок“, на 5 март 2001 година. Кога Кен ставил 47 стаорци во неговите панталони, привлекол толку внимание што станал славна личност преку ноќ. Неговите пријатели и семејството се толку навикнати на неговот чудно однесување, што тој и самиот кажува дека тие реагираат само кога ќе направи нешто нормално.

{youtube}QjqYS8SpvWM{/youtube}

Најголема тежина подигната со јазик
одвратни рекорди
Британецот Томас Блекторн го подобрил Гинисовиот и личен рекорд кога подигнал кутија од плексиглас полна со тестенинин, користејќи го јазикот. Овој обид бил направен во Рим, во емисијата „Цирко Масимо“, што најверојатно бојаснува зошто биле користени тестенини. Кутијата тежела 12 килограми, што било половина килограм повеќе од неговиот претходен рекорд.

{youtube}tnwI4d6AsUk{/youtube}


Најмногу црви преместени со уста во еден час
одвратни рекорди

Чарли Бел, поранешен работник во железарница, го скршил светскиот рекорд за „Најмногу црви преместени со уста во еден час“. Бел успеал да премести 18,5 квадратни сантиметри црви од еден сад во друг за еден час, користејќи ја само неговата уста. Триесет и пет годишниот Бел кој по потекло е од Лејтон, Источен Лондон, по неговиот обид изјавил само „Одвратно беше“.

{youtube}zTBq13CHyz8{/youtube}
- Реклама -