Непосредно откако ги објавивме првите фотографии на обновената верзија на Audi A8, од германската компанија понудија и официјални податоци за колата. А8, чија премиера пред публиката ќе се одржи во септември во Франкфурт, ќе биде достапен во две должини на каросерија, а ќе понуди нови опции и помоќни мотори.
Промените кај Audi A8 се еволутивни. Тие се изразуваат со новите браници, хауба и маска на ладилникот. Оптимизации се направени и во однос на однесување на патот и звучна изолација на ентериерот. Во внатрешноста пак се воведени и нови опции, тапацир и материјали.
Посебна новина се светлата, кои се опремени со LED технологија наречена MatrixBeam. Што се однесува до промените во механиката, обновеното Audi A8 ќе биде достапна во две должини на каросеријата, а погонот ќе биде само на предните или на сите четири тркала.
Палетата мотори е претставена од следниве бензински мотори: 3.0 TFSI V6 мотор со 310 КЅ, 4.0 V8 TFSI со 435 КЅ, 6.3 W12 со 500 КЅ и 4.0 V8 TFSI со 520 КЅ. Дизел опции се: 3.0 TDI со 258 КЅ и 4.2 TDI со 385 КЅ. Ќе биде предложен и хибриден модел, кој ќе комбинира бензинец 2.0 TFSI и електромотор. Моќноста кај него ќе изнесува 245 КЅ.
Во целина агрегатите добиле дополнителна моќ, но истовремено со тоа станаа со околу 10% поекономични. Најбрзата верзија, се разбира, е S8, при што забрзувањето до стотка е за 4,2 сек. Најекономичен пак е моделот со 3,0 TDI агрегат, каде просечната потрошувачка е 5,9 l/100 km.
Првите продажби ќе бидат реализирани во ноември.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус