Официјално: Жозе Мурињо заминува од Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека Жозе Мурињо нема да го води Кралскиот клуб следната сезона, Португалецот заминува од Сантијаго Бернабеу.

На вчерашната прес конференција свикана по повод иднината на Жозе Мурињо, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека го раскинуваат договорот со Португалецот.

„По разговор со нашиот тренер Жозе Мурињо, дојдовме до заклучок дека треба да ја прекинеме соработката по крајот на сезоната” – изјави Флорентино Перез.

„Му заблагодаруваме за неговиот допринос и му посакуваме многу успех во иднина”.

Со ова Жозе Мурињо и официјално ја завршува својата авантура во Реал Мадрид.

Во својот три годишен престој на Сантијаго Бернабеу, Португалецот на Реал Мадрид му донесе трофеј од Примера, Кралскиот Куп и Суперкупот на Шпанија.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Очекувањата се дека Жозе Мурињо ќе се врати во Челзи.

На прес конференцијата, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека тие сеуште не нашле замена за Жозе Мурињо, немаат договор или пред договор со ниту еден тренер, повеќе информации на таа тема ќе имаат во наредните денови.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -