Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин објавија фотографии, со кои беше одбележана крштевката на принцезата Шарлот.
Фотографиите ги направи омилениот фотограф на принцезата Дијана, Марио Тестино, по крштевката на малата принцеза во неделата.
Портпаролот на војводката од Кембриџ, изјави дека двајцата се надеваат дека сликите ќе им донесат радост на сите луѓе, како што се среќни и самите тие.
Меѓу нив има и семеен портрет заедно со кралицата Елизабета Втора во палатата Сандрингам, како и слика со дел од гостите, вкупно 21 лице.