Официјално започнува зимата: За Нова Година без снег

Oфицијално зимата пристигнува денеска, во 18:11 часот,  а  забележани ќе бидат најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината . Според временската прогноза, наредните денови пред нова година ќе ги поминеме во студ и без долго очекуваниот снег, а времето се очекува да  биде слично и за најубавата ноќ во годината, oдносно според сегашните најави на 31 ви декември нема да има снег, а позитивната температура ќе биде 9, додека минималната нула степени.

Просечните максимални температури во земјата, во текот на овие денови ќе се позитивни , а минималните ќе се движат околу нула до –  2 степени.

- Реклама -