Синоќешното доделување на наградите Еми донесе голем број интересни модни комбинации на црвениот тепих, меѓу кои се истакна и колумбиската актерка Софија Вергара (52). Имено, Софија блескаше во долг, огнено црвен фустан на Долче и Габана со длабоко деколте кој ги изрази нејзините облини. Освен на црвениот тепих, таа привлече внимание и на социјалните мрежи со својот изглед. „Таа ја крена температурата“; „Не бевме подготвени“; „Мислам дека е меѓу најдобро облечените“, беа само дел од коментарите на Твитер.
Извор