Огнено торнадо во австралиската дивина (видео)

Цели 40 минути шумски пожар во Австралија се претворил во огнено торнадо. Овој столб од оган бил снимен од Крис Танги од Alice Springs Film and Television, кој барал локации за снимање кога налетал на оваа сцена.

Ваквите огнени торнада се природна реткост, а кога ќе настанат не е изненадување што предизвикуваат огромна штета. Огнено торнадо, кај народот попозанто како „огнен ѓавол“, настанува кога столб топол воздух кој се издига од површината доаѓа во контакт – или предизвикува – оган. Во ретките случаи кога се формираат овие торнада тие обично траат околу максимум две минути.

{youtube}uu-o3aRvtqA{/youtube}

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат
- Реклама -