Ограбен човек во Драчево додека напасувал кози

Две лица ограбиле 81-годишен жител на Драчево, одземаќји му поголема сума пари и мобилен телефон.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 11:00 часот било пријавено дека во близина на железничката станица во населба Драчево, додека Т.Ј. (81) од Скопје напасувал кози, од позади грб со мотор му се приближиле Н.Ѓ. (19) и Р.С. (18), го турнале на земја и од ранецот му одзеле околу 13.000 денари и мобилен телефон. По превземени мерки од страна на полициски службеници Н.Ѓ. и Р.С. биле приведени во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка, наведуваат од МВР во денешниот билтен.

- Реклама -