Ограбувач на банка уапсен откако се вратил да се пожали

Ограбувач на банка бил уапсен откако се вратил во Alliance Bank во Сиракјуз за да се пожали бидејќи не му би биле дадени 20.000 долари.

Дваесет и осум годишниот Артур Бандрејџ бил уапсен и во моментов се наоѓа во градскиот затвор во Сиракјуз. Полицијата дала изјава за настанот: „Околу 9 часот наутро Бандрејџ влегол во Alliance Bank, се приближил на благајната и побарал 20.000 долари во кеш. Благајникот му кажал не. Кога тој повторно побарал, добил неодредена сума, по што си заминал.“

„Од банката веднаш повикале полиција. Додека тие земале изјави во од сведоци, Бандрејџ забележал дека не ги добил парите кои ги побарал. Полицајците го нашле на влезот од банката кога тој се обидувал да се врати во банката за да се пожали, по што веднаш бил уапсен.“

- Реклама -