Традиционалниот годишен концерт на Вокално-инструменталниот состав „Билјана“ оваа година ќе се одржи на едно од највпечатливите локации во Охрид – предворјето на црквата Богородица Перивлепта. Настанот е закажан за 6 септември 2024 година, со почеток во 20:00 часот, и ќе биде првпат концертот да се изведе на ова историски значајно место, што дополнително ја збогатува атмосферата на концертот.