Нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ поставија новогодишна елка под вода во „Заливот на коските“ во Охридското Езеро, со што симболично ги одбележаа претстојните новогодишни и божиќни празници.
Според објавата на Фејсбук страницата на нуркачкиот клуб, оваа традиција, која постои повеќе од две децении, е реализирана во соработка со Здружението за ретки болести и со помош на волонтерите од Црвениот крст во Охрид.
Во акцијата се истакнува значењето на дечињата со ретки болести, „малите херои кои секојдневно нас учат на сила, надеж и љубов“.
„Нека празничниот дух допре до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка на местата каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро“, порачаа нуркачите од Охрид.




