ОИ во Токио: САД со најголем број освоени олимписки медали

Соединетите Американски Држави, со 113-те медали кои ги однесе дома се овогодинешните победници во „дисциплината“ најголем број освоени олимписки медали.

Зад САД, со вкупно освоени 88 медали се наоѓа Кина, а третото место припадна на Русија со 71 освоени медали.

Република Северна Македонија со едниот освоен медал се наоѓа на 77 место кое го дели со уште 16 држави.

На Олимписките игри 2020 во Токио беа доделени вкупно 1.080 медали од кои 340 златни, 338 сребрени и 402 бронза. Целата табела на освоени медали можете да ја погледнете тука.

- Реклама -