Ок е, жив сум

Ќе се појавиш на свет во крв и модринки, но жив.

Ќе ти кажат дека ова е планетата Земја.

Ќе ти дадат име. И уште нешто.

Ќе те научат што е встина.

Ќе зборуваш одреден јазик, не по твој избор. …

Ќе те учат на семејни верувања, вредности и кодекс на однесување. (Не го прифаќај сето тоа како апсолутна вистина, тоа е само нивната верзија.)

Тие ќе те фалат или обвинуваат. Ќе те поддржуваат или нема.

Ќе ти подаруваат подароци или ќе ти ги одземат.

Ќе велат дека си грешен, лош, егоист или вистинско зло.

За нив ќе си спасител, најдобар, најубав, генијален.

Не оставај да те поткупат со име и дефиниција за добро и лошо.

Ти си жив. Не треба да те споредуваат или контролираат. Да ти ставаат етикети.

Ќе сакаш и ќе ја изгубиш љубовта.

Ќе се потопиш во грандиозна екстаза и ќе потонеш во длабочините на меланхолијата.

Некои од оние кои ги сакаш, ќе умрат. Ќе почнеш да си поставуваш прашања за реалноста.

Понекогаш ќе мислиш дека не можеш да продолжиш, но ќе продолжиш.

Ќе бидеш заинтересиран за целта на својот живот. Ќе ја наоѓаш и ќе ја губиш од вид.

Ќе играш улоги. Ќе му веруваш некому, а потоа ќе се разочараш.

Или, пак, нема да се разочараш. Ќе паѓаш на колена.

Ќе стануваш. Пак ќе паѓаш  и пак ќе стануваш. И пак. И пак.

Ќе пробаш од сè во животот – и од темнината, а од светлината.

Целиот живот ќе тече низ тебе – радоста и тагата, здодевноста и блаженството, самодовербата и сомнежот, спектакуларното и ужасите на бездната.

Ќе играш, ќе пееш, ќе бидеш скршен од очај.

Ќе плачеш, ќе се смееш, ќе тонеш во мистерија

И на крајот на краиштата ќе извикаш:

Живеев!

Џеф Фостер

people_life_by_ozgurdk-d6c1v27

- Реклама -