Виена, 7 март 2022 (МИА) – Околу 1,7 милион луѓе ја имаат напуштено Украина од почетокот на руската инвазија, покажуваат последните бројки на агенцијата на бегалци на ОН, УНХЦР.
Во само еден ден, оваа бројка е зголемена за 200 илјади луѓе.
Милиони луѓе се очекува дека ќе ја напуштат земјата во следните денови „освен доколу нема итен прекин на овој бесмислен конфликт“, објави организацијата на Твитер.