Оливер Стоун: Хитлер бил жртвено јагне

oliver_stoneНајновиот документарен проект на Оливер Стоун е доказ дека овој режисер не го носи залудно епитетот контроверзен. Тој го најави својот телевизиски проект наречен „Тајната историја на Америка“, а најмногу прашина се крена околу неговата изјава дека Хитлер бил жртвено јагне.

6906dНајновиот документарен проект на Оливер Стоун е доказ дека овој режисер не го носи залудно епитетот контроверзен. Тој го најави својот телевизиски проект наречен „Тајната историја на Америка“, а најмногу прашина се крена околу неговата изјава дека Хитлер бил жртвено јагне.

Оливер Стоун има намера да го претстави Хитлер и Сталин во 10-часовниот историски документарец наменет за американската ТВ публика. Стоун објави дека документарецот ќе се занимава со историјата на 20 век, а целта му е да ги „корегира неточностите и предрасудите“ кои на таа тема се предаваат во училиштата и се претставуваат во главните медиуми.

Најмногу прашина се крена околу изјавата на Стоун дека Хитлер е жртвено јагне, но режисерот само истакна дека Хитлер со леснотија се користи како објаснување за големите злочини, а при тоа не се зема во предвид историскиот контекст. И за Хитлер и за Сталин, Стоун вели дека не е доволно да се оценат како „добри“ или „лоши“, туку дека треба да се истражат причините и последиците за да се разберат нивните гледни точки.

„Можев да се соживеам со Сталин и Хитлер за да ги сфатам нивните гледни точки. Сакаме да ги образуваме нашите умови, да ги либерализираме и да ги прошириме. Сакаме да погледнеме од другата страна на ставовите… и да навлеземе во финансирањето на нацистичките странки. Колку американски корпорации биле вклучени во тоа, од GM до IBM?“, вели Стоун.

Докумeнтарната серија ќе се занимава и со други историски личности како што се Мао и Труман, Хуго Чавез и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, а Стоун нагласува дека му е важно да ја подучи американската публика за меѓусебната поврзаност на многу нешта, па како пример ја наведува Првата Светска Војна која директно влијаеше на Втората Светска Војна. Во подготовката на серијата учествуваше историчарот Peter Kuznick, а премиерата ќе биде во текот на оваа година на кабелскиот канал Showtime.

Стоун очигледно сака да прави биографии, и тоа од оние политичките. Досега веќе ги претстави Кенеди, Никсон, Кастро и Чавез, а интересно е што со многу сочувство го претстави и последниот десничарски претседател Џорџ Буш кој му послужи како главен јунак на филмот „W“.

{youtube}weELpc3pYMs&feature{/youtube}
- Реклама -