Оливера Наковска Бикова е македонски претставник на Параолимписките игри


Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември.

Наковска Бикова успешно ги заврши подготовките и нејзините резултати се во нагорна линија. Следат завршни подготовки пред заминување за Париз заради темпирање на формата. Оливера ќе настапи во три стрелачки дисциплини: на 31 август, 2 и 4 септември.

49-годишната битолчанка е параолимписки победник од Лондон 2012 година.

Иако нашиот Параолимписки комитет аплицираше за бипартитна карта за Александар Јовановски, комисијата не му ја додели.

- Реклама -