Оловен прав околу Нотр Дам, ги советуваат жителите да сечат нокти

Оловото што паѓа по големиот пожар од Нотр Дам не претставува опасност за квалитетот на воздухот, соопшти париската префектура. Ама, има „ама“… Предупредуваат на големо присуство на оловен прав околу катедралата.

„Резултатите од анализите од примероците од пожарот наваму покажуваат дека нема опасност дека оловото го загадува воздухот, но се потврдува присуство на оловен прав околу катедралата“, се наведува во соопштението.

Воздухот е со добар квалитет и загаденоста е под нормалата, но големите концентрации на оловен прав има во непосредната близина на Нотр Дам, особено на влезот. Пристапот дотаму, меѓутоа, на граѓаните им е забранет.

Сепак, на жителите во непосредна близина на катедралата им се советуваат одредени „мерки на претпазливост“. На пример, се советуваат редовно да ги чистат своите домови со влажна крпа, редовно да ги мијат рацете, а и да ги одржуваат ноктите што пократки и почисти.

Во меѓувреме, париските власти уверуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за чистење и контрола на оловото.

- Реклама -