Омилените филмови на интернет пиратите

Сте се запрашале, или пак, можете ли да претпоставите кои филмови се најмногу „спуштани“ од интернет за оваа година.

Еве еден краток увид.

Имено, филмот на Мартин Скорсезе „Волкот од Волстрит” го победи „Замрзнатото кралство” на Disney како најдобар филм  од интернет пиратските страни.

Според податоците на Excipio во 2014 година Волкот од Волстрит, каде што главната улога му беше доверена на Леонардо ди Каприо, е симнат точно 30 милиони пати, додека производството на Disney ја зазема втората позиција со 29.9 милиони преземања.

Третото место го зазема Робокоп, а четвртото и петтото место се за Гравитација и најновиот дел од Хобитите.

Прочитај повеќе: Вистинскиот волк од Волстрит

- Реклама -