Оние кои чуваат кучиња живеат подолго и се подобри луѓе

Дружењето и прошетката со куче се добри за срцето

Истражувањето спроведено на „Универзитетот Упсала“ носи нови докази дека во овие модерни времиња само уште љубовта кон животните нешто вреди. Резултатите, кои беа објавени во Nature велат дека не само што сопствениците на кучињата живеат подолго, туку имаат многу помали шанси да заболат од кардиоваскуларна болест.

Шведски научници анализирале податоци од преку 3 милиони лица на возраст помеѓу 40-80 години, споредувајќи го морталитетот кај сопствениците на кучиња и останатите. Дури и оние на кои кучето им е единствената љубов во животот имаат значителна предност пред  останатите и тоа со 33% пониска стапка на ризик од смрт, а 11% понизок ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Иако точно не е утврдено на кој начин кучињата влијаат позитивно врз здравјето  на човекот, тука се авторите да погодуваат.

„Познато е тоа дека газдите на кучиња се многу физички поактивни од оние кои немаат куче, што би можело да биде еден од факторите со кои се објаснуваат резултатите до кои дојдовме. Останатите фактори се базираат на поголемо учество во друштвениот живот или пак ефектот на кучешкиот микробиом врз оној на газдата“ – наведува Тов Фал, уште еден од авторите.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Исто така, голема е веројатноста, здравствени разлики да постојат и помеѓу луѓето кои се одлучуваат да купат или вдомат куче и оние кои никогаш не би се одлучиле за таков потег, што многу би влијаело на исходот на нашето испитување. Не исклучена можноста луѓето да сакаат да купат куче со цел да живеат поактивен, поисполнет и поздрав живот“ – додава Фал

Така што, купи си куче, мрзо една, слатко е и 100 пати поевтино ти е од терапија…

 

- Реклама -