Оние што конзумираат алкохол имаат помал мозок

Повеќе...

Нова студија откри дека дури и конзумирањето на мала количина на алкохол ја намалува мозочната маса.


drinking500.jpg

Нова студија откри дека дури и конзумирањето на мала количина на алкохол ја намалува мозочната маса.
 
Испитувањето покажало дека оние што не конзумираат воопшто алкохол имаат поголема мозочна маса од поранешните, умерените (еден до седум пијалоци неделно), редовните (8-14 алкохолни пијалоци) и „тешките“ (повеќе од 14 пијалоци неделно) конзументи на алкохол. На истражувачите не им е јасно зошто дури и мали количини на алкохол влијае врз намалувањето на мозочната маса, се претпоставува дека тоа може да се должи врз фактот што алкохолот е познат по своите дехидрирачки својства, па костантната дехидрација може да даде негативен ефект врз секое почувствително ткиво. Според истражувачите, познат им бил фактот дека конзумирањето на поголема количина на алкохол ја намалува мозочната маса, она што нив ги изненади со ова ново испитување е фактот што тоа се случува и со помали количини.
 
За утеха, оваа студија не демонстрира дека помала мозочна маса влијае негативно врз менталните функции, а и разликата во големината на мозокот кај оние што пијат и оние што не пијат алкохол е многу мала – помалку од 1.5%. Научниците ќе продолжат да ги испитуваат импликациите односно последиците на ова намалување кои сега засега им се непознати. [Does drinking alcohol shrink your brain?]
Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -