Оние што пијат кафе прават помалку грешки на работното место

coffee2Доколку работите на смени и се двоумите дали да направите кафе пауза или да дремнете малку, подобро изберете го ова првото. Истражувачите открија дека пиењето кафе може да им помогне на оние што работат на смени да прават помалку грешки на работното место.


coffee-homeДоколку работите на смени и се двоумите дали да направите кафе пауза или да дремнете малку, подобро изберете го ова првото. Истражувачите открија дека пиењето кафе може да им помогне на оние што работат на смени да прават помалку грешки на работното место.

Научниците велат дека оние кои работат на смени имаат нарушен биоритам и чувствуваат поголем замор на работното место што доведува до тоа да прават повеќе грешки. Барајќи начин како тоа би можело да се избегне тие го споредиле ефектот на кофеинот (кој се внесува преку кафето или енергетски пијалоци) со оној на плацебото и дремките.

Прочитајте и:  Дали сакате да го намалите внесот на кофеин? Обидете се со овие мали промени

Тестовите покажале дека оние на кофеин правеле значително помалку грешки, биле поконцентрирани, подобро памтеле, имале подобрена перцепција и способност за резонирање. Не ви е потребен подобар аргумент од овој за да направите кафе пауза – слободно земете ја вашата дневна доза кофеин за да бидете поконцентрирани на работното место. Се разбира, доколку вашиот шеф нема ништо против тоа. [Coffee drinkers make fewer mistakes at work]

- Реклама -