Откако е повтроно „на пазарот“, мускулестата поп сензација снима нови хитови- но и нови секси видео спотови.
Џејсон Деруло се прослави со успешните синглови „Talk Dirty“ и „Trumpets“, а сега има и нов хит „Want To Want Me“. Поп песната брзо влегува во уво, но во око ќе ви остане неговиот нов секси спот во кој разменува нежности со атрактивна црнкиња.
Моментално еден од најслушаните поп пејачи, кој неодамна раскина долгогодишна врска со пејачката Џордин Спаркс, а сега освојува други жени од целиот свет.
Во новиот спот 25-годишниот пејач го покажа своето мускулесто тело, но и заводливите способности.
„Сакав да направам нешто посебно за своите фанови“, објаснил Џејсон кој премиерата ја имал преку популарната апликација за он-лајн состанување „Tinder“.
А како сето тоа изгледа, погледнете во видеото!