Opel најавува и нова Аntara

Од Риселсхајм најавуваат вистинска офанзива за наредните три години. На SUV-фронтот се најавуваат две варијанти, новата генерација на Antara и верзија надградена врз платформата на следната Insignia.

За разлика од својот претходник, кој беше полуксузна модификација на Chevrolet Captiva, новата Antara најверојатно ќе биде базирана на моделот Buick Envision и ќе се обиде да им конкурира на премиум моделите, како Audi Q3, BMW X3 и Mercedes-Benz GLK. Envision е долг 4.667 милиметри, широк 1.804 mm и висок 1.659 mm, со меѓуоскино растојание 2.750 mm.

470_Opel-470-1

Доаѓа со 2.0-литарски турбо мотор со моќност од 260 КЅ во комбинација со автоматски менувач, кој го пренесува вртежниот момент на четирите тркала, и забрзува до 100 km/h за 8,4 секунди. Европската верзија најверојатно ќе биде опременa со 2.0-литарски CDTI со 195 коњи.

За евентуалната SUV верзија засега нема никакви информации, но дека се работи на ова поле потврди главниот дизајнер на Opel, Малком Вард. Според него се работи напорно врз конструкцијата и основните контури, но се уште е многу рано за било какви детали.

- Реклама -