Општина Дојран планира признание за Емилија Динева – жената чиј живот згасна, но чие срце продолжи да дарува живот

Емилија Динева од Стар Дојран е пoчинатата пациeнтка чиј живот прерано и тpaгично згacна, но им го продолжи животот на тројца наши сограѓани. Емилија замина, но нејзиното срце продолжи да чука, а денеска забрзано чука и срцето на целата македонска јавност кога чита за хуманоста на нејзиното семејство.

А таа хуманост, многу веројатно, ќе биде наградена. Градоначалникот на Дојран – Анго Ангов, во разговор со „Фокус“, открива дека иако уште е прерано, општината веќе размислува да ѝ додели пocтхумно признание на Динева.

Целта е, вели Ангов, „да се остави белег на ова што се случи. Да се следи примерот на семејството Диневи, да се подигне свеста за донирањето на органи“.

„Во едно семејство денес има тага, други три семејства започнуваат нов живот. Засекогаш ќе бидат споени во својата болка, но и благодарност. Тешки се овие моменти за сите. Во постојан контакт сум и со министерот за здравство Венко Филипче, ќе сториме сѐ што можеме да му помогнеме на семејството во овие тешки моменти, но и да се запомни големината на сите овие луѓе“, додаде градоначалникот нештедејќи пофални зборови за семејството Диневи, кои се негови соседи, поради што и тој лично емотивно го доживува сето ова. Прочитајте на „ФОКУС“.

 

- Реклама -