И Општина Куманово потпишала меморандум за соработка со „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13?

На социјалната мрежа Твитер, корисникот @kuvinvodenjak денеска објави документ од кој се гледа дека и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски потпишал меморандум за соработка со хуманитарната организација на Бојан Јовановски алијас Боки 13 – „Меѓународен сојуз“.

Веродостојноста на документот засега не е потврдена, но Твитер корисниците потсетуваат на обраќањето на Димитриевски на Фејсбук од пред неколку дена, кога тој побара интензивна истрага и брза завршница:

„Афера ‘Рекет’, интензивна истрага и експедитивна разрешница!

Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат.

Оваа анатема дека ‘сите сме исти’ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни. Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите!“, напиша Димитриевски.

- Реклама -