Орбан: Европа постепено влегува во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходен прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.

„Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна. Врз Унгарија сè уште не е пукано, но ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте“, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Според него, Унгарија зборува со јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика.

За унгарското државно радио, Орбан оцени дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој кој интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така и зазема став кој поддржува една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.

Прочитајте и:  Вучиќ не открива дали ќе оди на самитот на БРИКС: Што и да направам, нема да биде едноставна позиција за Србија

Орбан додаде дека Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува ни во иднина.

МИА

- Реклама -