Орбан: Никогаш не сме биле поблиску локален конфликт да стане светска војна, лидерите на Западот се во „воена треска“

Светот е поблиску од кога и да е локален конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Водачите на западниот свет „се зафатени од воена треска, тие држат говори повикувајќи на победа во војната и дополнителни жртви и испраќаат сè поопасно оружје во Украина“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.

Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен – Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори. Во исто време, Унгарија е „во основа единствената“ европска земја која е за мир, заедно со Ватикан, рече Орбан.

Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, нагласи тој.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Во меѓувреме, вели унгарскиот премиер, Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир. Државата може да се брани доколку нејзините граѓани ја сакаат својата татковина и се подготвени да ја бранат во време на неволја и да не бегаат од неа, рече Орбан.

„Да бидеме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни. Аргументот на Унгарија за мир не доаѓа од слабост“, нагласи шефот на унгарската влада.

Извор: МИА

- Реклама -