Оваа година Орбан двапати го посети Трамп на Флорида. При една од посетите Орбан изјави дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во светот, како и во Украина
Унгарскиот претседател Виктор Орбан денеска му даде поддршка на поранешниот американски претседател и републикански кандидат за втор мандат Доналд Трамп по пукањето што се случи вчера и кое истражува како можен обид за атентат врз него.
На социјалната мрежа Икс, Орбан напиша дека се додека Трамп не победи на изборите за претседател на САД, неговиот живот ќе биде во опасност.
„Очигледно е дека животот на претседателот Трамп е во опасност, се додека не победи. Се молиме за вас господине претседателе“,
напиша Орбан.
It is clear that President Trump’s life is in danger, until his victory. We are praying for you, Mr. President!@realDonaldTrump
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) September 16, 2024
Оваа година откако Орбан ја поддржа кандидатурата на Трамп, двапати го посети на Флорида. При една од посетите Орбан изјави дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во светот, како и во Украина.
Инаку, ФБИ објави дека го истражува пукањето што вчера се случи пред голф-клубот на Доналд Трамп во Флорида, а кое беше во негова близина.
Веднаш по пукањето, припадници на Тајната служба возвратиле со оган, а шерифот на областа Мартин Каунти, која се наоѓа северно од голф-клубот на Трамп, објави дека едно лице е осомничено дека има поврзаност со настанот и е приведено откако неговото возило било запрено на автопатот во близина на областа.
На 13 јули годинава поранешниот американски претседател и кандидат за нов мандат Доналд Трамп преживеа обид за атентат на митинг во Батлер, Пенсилванија. Атентаторот, 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија, беше ликвидиран на самото место од страна на агентите на Тајната служба откако претходно тој испука неколку куршуми од кои еден заврши во увото на Трамп, а друг усмрти еден симпатизер кој беше позициониран на платото зад бината на која се наоѓаше поранешниот претседател.