Орбан: Украина не може да ја победи Русија на бојното поле, лидерите на ЕУ сè уште не ја признаваат грешката

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле, додавајќи дека секој што мисли поинаку е во заблуда.

„Сè повеќе луѓе велат дека Украина нема да победи на бојното поле“, изјави Орбан во интервју за неделникот „Мандинер“.

Тој изјави дека се согласува со тоа мислење и посочи дека тоа го зборувал од самиот почеток.

„Да не се залажуваме дека Украинците можат да ја добијат оваа војна со наша поддршка“, рече Орбан.

Тој додаде дека Европската унија „се нашла во замка“ кога почнала да испраќа воена помош за Украина, сметајќи на успесите на Киев на фронтот.

Сепак, според него, ЕУ немала никаков план за вонредни состојби во случај тоа да не успее.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

„Немаше план Б, бидејќи постоеше само овој план за победа, кој пропадна“, рече Орбан.

Тој изјави дека лидерите на Европската унија сè уште не сакаат да ја признаат таа грешка и продолжуваат да испраќаат оружје во Украина.

- Реклама -