Само 3 состојки, без печење, без варење и за околу 20 минути имате совршен десерт кој ќе го изедете додека да трепнете.
За 16 – 18 бомбици потребно ви е:
300g бело чоколадо
30 Орео колачиња
100g крем сирење
4 Орео колачиња за декорација
Подготовка:
Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.
Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците.
Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач.
За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.
Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.
Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.
Може да стојат 2-3 дена, но не веруваме дека ќе ви издржат со оглед на тоа каков вкус имаат.