Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), во рамките на проектот Активен Град/граѓани на 18 ти јули ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин, отворено студио во Центарот за уметност и урбанизам во Берлин, каде што во моментов престојува на резиденција.
Во рамки на резиденцијалната програма на ZK/U, ФРУ ја претставува работата на долгорочниот проект: Лабораторијата за просторно изведувачки практики ГРАДОТ КАКО СЦЕНА, во соработка со Архитектонски факултет – во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како дел од оваа лабораторија, неколку млади уметници, архитекти и студенти, Димитар Милев, Ивана Самандова, Тамара Џерков и Мартина Пенева беа дел од истражувачкиот процес на проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД.
Втората фаза од проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД, е развиен од архитектите и уметници Филип Јовановски и Слободан Велевски за време на Active city(zens) резиденцијата. Проектот ќе биде претставен како дел од овомесечниот ОПЕНХАУС во центарот ZK/U кој ќе се одржи во четврток на 18 јули од 19:00 до 23:00 часот.
Фотографии: Филип Јовановски