Мислите ли дека може да доживеете оргазам само така што ќе размислувате на него, без допири и со забрзано дишење?
Да, тврди експертката за секс Барбара Карелас, тврдејќи дека може да се доживее оргазам само со длабоко дишење. Еве како да го постигнете тоа.
59-годишната Барбара од Њујорк вели дека на нејзиниот курс жените лежат на под изведувајќи вежби за дишење и стегање на мускулите. Трејси Кларк Флори, новинарка која ја испробала терапијата на Барбара, вели дека навистина имала „подлабоко вонтелесно искуство“, како што тоа го нарекува Барбара, но, сепак е скептична и се прашува дали тоа е предизвикано од сексуална возбуда или пак од хипервентилација (забрзано и продолжено дишење).
Во текот на сеансата Барбара бара од жените сосема облечени да легнат на под со раширени нозе и да ги следат нејзините упатства за интензитетот на дишењето. Лулањето со колковите напред назад и испуштањето на гласни звуци може да помогне во тој процес, додавајќи дека во тоа помагаат и Кегеловите вежби.
Трејси вели дека доживеала оргазам со длабоко и брзо дишење и со задржување на воздухот со истовремено притискање на телото на подот. Иако признава дека доживеала „длабоко вонтелесно искуство“ кое се состои од грчење на прстите и сува уста, а исто така не можела да се помрдне од подот десет минути, Трејси истакнува дека тоа и баш не е сексуална возбуда.
Техниката на Барбара е инспирирана од терапијата од 70-тите години, кога се верувало дека луѓето со помош на дишењето може повторно да доживеат некои трауматични животни искуства. Иако ниту една научна студија не ја потврдува ефикасноста на овие терапии, некои студии ја покажале врската меѓу дишењето и сексуалната возбуда.