Ослабете два килограми за три дена

Диетата се држи само три дена и за тоа време ќе ослабете два килограми.

Во текот на оваа диета секојдневно треба да пиете од литар до литар и половина домашен кефир без шеќер и тоа пет до шест пати дневно. Интервалите меѓу конзумирањето кефир би требало да бидат исти.

Појадок:

Предлог 1: кајгана од 2 јајца, салата од краставица, кафе со 1 лажичка млеко
Предлог 2: Гриз/палента и кисело млеко
Предлог 3: Јајца, тост со путер, чај со мед

kefir-seperationg-ps

Ужина: 3дл домашен кефир

Ручек:

Предлог 1: Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100грама), салата од цвекло, една кришка леб
Предлог 2: Чорба од печурки, паприкаш (3дл) и салата од свежа зелка

Ужина: 3дл домашен кефир

Вечера:

Предлог 1: Печена риба (150 грама), зелена салата и билен чај
Предлог 2: Печен компир, чај со мед

 

Кефир – вкусен и здрав млечен напиток

kefir-grains1

Кефирот е здрав и вкусен пробиотски млечен напиток, кој од дамнешни времиња го користат жителите на Кавказ. Поради своите благотворни својства го нарекуваат еликсир на младоста и долговечноста или дар од боговите. Домашниот кефир се прави со користење на печурката кефир. Кефир всушност е симбиоза од бактерии и честички на млечни масти. Кефирот е нискокалоричен напиток, кој не дебелее. Затоа често им се препорачува на дебелите лица кои се на диета за намалување на килограмите. Исто така, им се препорачува и на лицата кои имаат нередовно празнење на столицата и други проблеми со дигестивниот систем.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Кефирот е одличен напиток кој ги зајакнува коските. Особено им се препорачува на децата и на жените во менопауза, бидејќи ги зајакнува коските и е природен лек за превенција и лекување на остеопорозата. Кефирот го зајакнува имунитетот, штити од инфекции, настинка и грип.

Како да се произведе домашен кефир?

Ова е многу едноставно. Ви треба печурка кефир, млеко и стаклен сад.
Додадете ја печурката во стаклен сад и надополнете со млеко( кравјо, козјо , овчо, или пак од соја, бадем, лешник или ориз сеедно е ), оставете ја на темно и суво место каде температурата на воздухот е поголема од 10 степени. После два дена прецeдете ја печурката од веќе направениот кефир пијалак , измијте ја убаво и додадете ја во нов чист сад за да направите нов кефир. 

Каде да ја набавите печурката за кефирот?

За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други.

- Реклама -