Ослободете се од стресот кога сте на одмор

Стресот е најголемиот непријател на нашето здравје во текот на целата година. Одморот е време кога треба да се опуштиме и да го намалиме нивото на стрес, но често се случува да го добиеме спротивниот ефект. Прочитајте како да се справите со овој проблем.

Пред да тргнете

Разгледајте ги сите нешта што можат да тргнат наопаку во текот на патувањето и на одморот. Подгответе се соодветно. Понесете си грицки, доколку на пример заглавите на граница неколку часа.

Испланирајте ги нештата што сакате да ги правите уште пред да отпатувате, за да не се соочите со донесување безброј одлуки секој ден. Но, не заборавајте да оставите и празен простор во вашиот план, во кој ќе можете да се опуштите и да не правите буквално ништо.

Отидете на преглед кај својот лекар, особено ако планирате поголем број физички активности како планинарење, нуркање и сл.

Понесете си лекови за итен случај, заедно со генеричките имиња, за во случај да треба да ги дополните додека сте во странство.

Не пакувајте премногу багаж, за да не мора да влечете премногу тежина со себе.

Исчистете го домот и сменете ја постелнината, за да го елиминирате стресот при враќањето дома.

На одмор

Секогаш кога патувате, тргнувајте барем половина час порано од закажаните термини на поаѓање, за да не мора постојано да сте во брзање.

Не ја запоставувајте грижата за себеси. Јадете кога сте гладни, пијте кога сте жедни и што е најважно, одмарајте се кога сте уморни.

Не се преоптоварувајте. Не мора да видите сѐ што постои на вашата дестинација. Во ред е понекогаш да отидете на вечера и потоа да си легнете во собата и едноставно да одмарате.

Избегнувајте премногу мрсни оброци и пијте многу течности. Тоа ќе му годи на вашиот организам, овозможувајќи му добро прочистување.

По враќањето

Обидете се да оставите простор од барем еден ден за аклиматизација по враќањето дома, пред да тргнете на работа.
Направете листа на обврските што ве чекаат според приоритетот. Одете чекор по чекор. Купете намирници, потоа исперете ги алиштата, потоа…

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -