Османи со честитки до Украина и до Молдавија: Темните антиевропски сили кај нас држат во заложништво 2 милиони граѓани, но не уште долго

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и до Молдавија по повод одлуката на ЕУ да отпочне преговори со двете земји.

„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани. Уште малку!“, стои на официјалниот Фејсбук статус на Османи.

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ вчера за време на Самитот на Унијата, кој продолжува денеска, донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија.

На самитот во рамки на дебатата за проширувањето на ЕУ, беа усвоени и Заклучоците за процесот за нашата земја во кои се посочува дека Европската Унија е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом земјата ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

Прочитајте и:  ЕУ донираше шест еколошки автобуси за ЈСП Скопје, за Арсовска тоа е доказ дека градската администрација е способна кога не е блокирана
- Реклама -