Османи: Односите со Бугарија се на најниската точка во целиот овој период

По неколкуте протестни ноти од Бугарија и покувањата на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор, односите меѓу Македонија и Бугарија се на најниската точка во целиот овој период, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната презентација на Француската Агенција за развој во македонското МНР.

Османи, сепак, остава простор за оптимизам. Со рационализација на дебатата и пристапот, можно е враќање  на довербата, нормалната комуникација и соработката меѓу двете држави.

Османи додаде дека изборите секогаш ги киднапираат нормалните политички дебати, како во Бугарија така и во многу други земји, но потенцираше дека е во интерес како на Бугарија, така и на целата ЕУ, да се фати јунскиот рок за почеток на преговорите на земјава за членство. Доколку тоа не се случи, процесот ќе станува сѐ понепредвидлив, а тоа не е во интерес на регионот и на ЕУ, оцени Османи.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

 

- Реклама -