
Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, вицепремиерот Бујар Османи откри дека се разговара и за вметнување на Рамковниот договор во Преамбулата како еден од конститутивните елементи на државата, заедно со АСНОМ и 8 Септември.
„Во Преспанскиот договор е дефинирано споменување во Преамбулата на Конститутивните документи на државата. И логичен сплет на чекори, што не е барање само на Албанците туку на сите во државата, е и Охридскиот договор да биде споменат во Преамбулата, бидејќи е инкорпориран во Уставот со амандмани. Со тоа во Преамбулата би ги содржела како конститутивни документи: Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор. До сега сите кои ги имам контактирано, пратеници, експерти, никој не вели дека Охридскиот Договор не е инклузивен и дел од Уставот“.
Повеќе прочитајте на Телма
![bujar-osmani1-36869twy33m5kpvcf4eqyo[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2018/10/bujar-osmani1-36869twy33m5kpvcf4eqyo1-640x352.jpg)



