Иако прашањата околу тоа дали треба да го оставите партнерот и како тоа најбезболно да го сторите, најчесто ги чувате за најблиските пријатели, сега може брзо и самостојно да си ги одговорите со помош на социјалната мрежа Тамблр.
Станува збор за апликацијата „Yo, Should I Dump This A**hole?“, а тоа што таа го нуди е навистина необично. Овој тематски блог на Тамблр ги повикува корисниците на Интернет анонимно да ги споделат своите недоумици околу тоа дали треба да ја прекинат врската.
Корисниците може да ги наведат сите позитивни или негативни страни во врска со нивниот партнер, а потоа чекаат одговор.
И додека некои ја користат апликацијата за само напразно да се жалат, останатите имаат навистина непоправливи партнери, пишува „Хафингтон пост“. Доколку на крајот одлучите сепак да ги прифатите советите на оваа формула, не мора да размислувате како да го сторите тоа. Имено, тука е и апликацијата „iDUMP4U“, која може да го направи тоа во ваше име.