Остин: САД нема да ја изневерат Украина

САД нема да ја изневерат Украина. САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот контакт група за Украина.

Оваа коалиција, рече тој, нема да дозволи Украина да претрпи неуспех и слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех.

Состанокот на контакт групата, сојузници на Украина одговорни за координација на воената поддршка на земјата, се одржува во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Остин вети дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат воените напори на Украина против Русија, иако американскиот Конгрес е во застој околу финансирањето за испраќање дополнително вооружување на фронтот.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој исто така учествува на состанокот, предупреди да не се изгубат од вид суштинските одбранбени потреби на Украина.

Прочитајте и:  Трговска војна не им оди во прилог ниту на САД, ниту на Кина - му порача Пекинг на Трамп

„Доволно артилериска муниција, ракетна артилерија со поголем дострел и противвоздушна одбрана се вистински егзистенцијални прашања, рече Писториус.

- Реклама -