Остин во Киев на средба со Зеленски: САД ја поддржува Украина на „долг рок“

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска му нагласи на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека поддршката на Вашингтон е „на долг рок“.

„Пораката што ви ја пренесувам денес, господине претседателе, е дека САД се со вас, ние ќе останеме со вас на долг рок“, изјави Остин.

Зеленски нагласи дека посетата на Остин е „многу важен сигнал“.

Посетата на Остин доаѓа во време на растечки несогласувања околу Украина во американскиот Конгрес. На 6 и 7 декември во Вашингтон треба да се одржи Конференција за одбранбена индустрија која има за цел да го поттикне производството на оружје во Украина, во услови на конфликтот кој почна пред речиси две години.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Американската помош за Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година изнесува десетици милијарди долари. Вашингтон постојано ветува дека ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно, но се соочува со зголемен отпор од некои републикански конгресмени.

Ова е втора посета на Остин на Киев од почетокот на војната.

МИА

- Реклама -