Некои сметаат дека се во животот е случајно. Други сметаат дека се се враќа и се се плаќа, и дека се што ни се случува е по заслуга. Па така, на пример, ако сте направиле прилично лоши работи во животот, можно е да помислите дека Бог/универзумот/кармата нема да дозволи да ви се случи нешто убаво – како добивка на лото, да речеме. Е па, грешите.
Доказ е приказната на Тимоти Дејл Пул, осуден секс престапник. Во 1999-тата, тој беше прогласен за виновен за сексуално малтретирање на 9-годишно момче. Одлежа 13 месеци во затвор, па беше пуштен на 10 години условно. Тој никогаш не ја призна вината, но неговите соседи не му се благонаклонети. Тие се убедени во неговата вина и сметаат дека казната што ја доби е премала.
И покрај сето тоа, Тимоти неодамна доби 3 милиони долари на државната лотарија.
Имало Господ или не, имало правда или не, се чини дека на лотаријата не и е баш гајле. Па, што чекате? Престанете „беспотребно“ да се самообвинувате и трк да купите ливче.