Откриен снег на јужниот пол на Марс

Иако Марс е доста сличен на Земјата во неколку погледи, неговата позиција во однос на Сонцето значи дека Црвената планета доста студена.

Доволно студена што половите се прекриени со замрзнат јаглерод диоксид, доволно студена што тој замрзнат јаглерод диоксид се претвара во снег. Летало кое орбитира околу Марс детектирало снег од јаглероден диоксид на планетата, што значи дека Марс е единственото тело во сончевиот систем на кој бил сретнат овој феномен.

Снегот на Марс паѓал од облаците околу јужниот пол на планетата за време на марсовската зима помеѓу 2006 и 2007 година. Научниците го откриле снегот по анализирање на податоцитеод Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) на NASA. Јужниот пол на Марс е прекриен од замрзнат јаглероден диоксид – или сув мрас – во текот на целата година, новото откритие би можело да објасни како тој настанал и како опстојува.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

„Ова се првите потврдени облаци од снег од јаглероден диоксид“ изјавил Пол Хејн од Jet Propulsion Laboratory (JPL) на NASA во Пасадина, Калифорнија. „Ние сме убедени дека облаците се составени од јаглероден диоксид – снегулки од марсовски воздух – и тие се доволно дебели за да обезбедат нанос на површината.“ [Snow on Mars: NASA spacecraft spots ‘Dry Ice’ snowflakes]

- Реклама -