Најголемата воена тајна на ЈНА: Прочуениот војнички грав

grav-520x260[1]

Сите кои служеле војска во поранешна Југославија и ден денес сигурно се сеќаваат на војничкиот грав.

Сега, благодарение на своевидната книга за готвење објавена на сајтот „ЈНА кувар“ и цивилите може да уживаат во јадењата од војничкиот казан.

На сајтот „ЈНА кувар“ може да се најдат бројни рецепти за јадењата кои им биле служени на војниците на Југословенската народна армија вклучувајќи разни супи, чорби, јадења од риба како и разни месни специјалитети.

Еве го рецептот:

Овој норматив обезбедува 5 дл. готово јадење.

Потопете го гравот во студена вода, водејќи сметка за тоа водата да биде во доволна количина за да не се случи гравот при бубрењето да ја впие целата количина на вода и да остане сув. Потопениот грав чувајте го на студено место и оставете го 1 до 3 часа. Потоа исцедете го гравот и ставете го во погоден сад, налијте студена вода и гответе 10 до 15 минути, по што ќе ја исцедите водата па ќе доставите врела вода. Додадете ситно исецкан кромид и оставете да се вари со повремено додавање на топла вода.

Во врел зејтин додадете го остатокот од кромидот и морковот, исечен на ситни коцки или изрендан, и пржете додека благо не поруменат.

Кога гравот ќе биде готов, додадете го испржениот кромид и морков, сува пиперка, претходно потопена два часа во студена вода и ловоров лист.

На загреан зејтин додадете брашно и пржете додека благо да порумени. Кога ќе биде готово исклучете го шпоретот и додадете истолчен лук и црвена пиперка во прав и добро измешајте.

Кога гравот ќе омекне посолете и запржете го со подготвената запршка со постојано мешање. Гравот гответе го на тивко уште 20-30 минути. Кога ќе го исклучите оганот додадете црн мелен бибер, ситно сецкан магдонос, пробајте и посолете по потреба.

Напомена: важно е да се знае дека при готвење се до запржување гравот не смее да се меша за да не дојде до кршење на зрната или загорување.

- Реклама -