Откриена најмалата џуџеста планета која орбитира околу Сонцето, видете како изгледа

Секогаш е убаво да се слушне дека е откриена нова планета која што кружи околу нашата ѕвезда па макар тоа било и џуџеста планета.И уште поубаво е кога астрономите исто така ќе ни презентираат фотографија од ова новооткриено небесно тело за да можеме да видиме како навистина изгледа нашиот придружник во орбитата околу сонцето.

Европската јужна опсерваторија (ЕСО), соопшти дека  астероид Хигеја е всушност најмалата џуџеста планета во нашиот сончев систем.

Нема астероидна форма

Поточно, астрономите откриле, со употреба на уред наречен SPHERE, сместен во опсерваторијата која го носи името – многу голем телескоп (VLT), дека Хигеја ги има сите потребни карактеристики на џуџестата планета.

Самиот предмет е четврти по големина по астероидниот појас по Ceres, Vestа и Palas, а астрономите сега за прв пат ја забележале во доволно висока резолуција за да ја видат неговата површина и да ја утврдат нејзината форма и големина.

Откриле дека Хигеја е сферична, поточно кружна, и дека всушност треба да биде најмалата џуџеста планета што орбитира околу нашето сонце, а не Церес (Ceres ).

Хигеја исполнува повеќе критериуми

Како предмет на главниот астероиден појас, Хигеја веднаш исполни три од четирите критериуми потребни за прогласување на вселенско тело џуџеста планета: орбита околу сонцето, а не месечина (природен сателит) и за разлика од планетите, не ја расчисти околината околу својата орбита. . Последниот услов е да има доволно маса за сопствена тежина и да има приближно сферична форма, што сега е дополнително потврдено.

„Благодарение на технологијата на SPHERE-уредот, кој е еден од најмоќните системи за обработка на слики во светот, успеавме да откриеме дека формата на вселенското тело на Хигеја е скоро сферична“, рече астрономот Пјер Вернаца од францускиот институт Laboratoire d’Astrophysique de Marseille.

„Сега можеме да ја класифицираме Хигеја како најмала џуџеста планета во Сончевиот систем“, додаде тој.

Според најновите податоци, Хигеа е со дијаметар од околу 430 километри. За споредба, Плутон, најпознатата џуџеста планета, која што неодамна го изгуби долгогодишниот статус, има дијаметар од близу 2400 километри и Цереро од околу 950 км.

Научниците откриле и дека на оваа џуџеста планета  недостасува многу голем кратер за кој експертите сметале дека сигурно ќе постои таму. Со оглед на тоа дека Хигеја е главен член на едно од најголемите семејства на астероидите, со близу 7.000 потомци сите што потекнувале од истото оригинално тело, астрономите се очекува да видат барем некоја трага од таа хаотична историја на нејзината површина.

Астрономите забележале два мали кратари на ново именуваната џуџеста планета.

„Ниту еден од овие два кратери не можеше да биде предизвикан од влијанието на големото тело на површината на Хигеја. Тие се премногу мали“, објасни астрономот Мирослав Броз од универзитетот Чарлс во Прага.

Студијата што се фокусира на најновите откритија околу Хигеја е објавена во научното списание „Nature Astronomy“.

- Реклама -