Едноставен, но ефикасен рецепт.
Научниците од Универзитетот во Чикаго анкетирале 732 пара, во старонсна доба од 57 до 98 години, за да го истражат ова прашање кое што мачи многумина.
Акцентот во нивното истражување бил ставен на честите сексуални односи, психолошкото здравје и задоволството во бракот.
Резултатите до кои што дошле покажуваат дека во секоја смисла се среќни оние кои редовно практикуваат секс. Воочено е дека мажите и жените кои немаат редовен сексуален живот често се несреќни со партнерот. Оние кои редовно се впуштаат во секс акции, тврдат дека се среќни и имаат успешен брак.
– Ова истражување покажува дека сексуалната активност во бракот е многу важна и дека луѓето мораат да пронајдат начин да останат сексуално активни, бидејќи тоа ќе им помогне долго време да одржат среќен и функционален брак, пишува во заклучокот од истражувањето.