Откриена техника за бришење трауматски спомени

бришење спомениИстражувачите откриле начин трајно да ги избришат болните спомени, и се уверени дека се чекор поблиску до создавање лек за посттрауматски стрес. Тимот од Универзитетот Џон Хопкинс во САД отстраниле протеин од делот на мозокот, во кој се чуваат спомените асоцирани со страв, кај лабараториски глувчиња. Глувците потоа не можеле да се сетат на стравот асоциран со гласен звук.

Истражувачите откриле начин трајно да ги избришат болните спомени, и се уверени дека се чекор поблиску до создавање лек за посттрауматски стрес. Тимот од Универзитетот Џон Хопкинс во САД отстраниле протеин од делот на мозокот, во кој се чуваат спомените асоцирани со страв, кај лабараториски глувчиња. Глувците потоа не можеле да се сетат на стравот асоциран со гласен звук.

траумаМетодот е сличен на оној од филмот „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (“Eternal Sunshine Of The Spotless Mind”), каде што Џим Кери и Кејт Винслет решаваат да ги избришат заедничките спомени по болната разделба. Научниците рекле дека ова има важни импликации за пациенти чиј живот е уништен од постојан страв. Водачот на проектот, доктор Ричард Л. Хуганир, изјавил: „Кога се случува некој трауматски настан, тој создава сеќавање на страв кое може да е трајно и може да го уништи животот на индивидуата. Нашето откритие кое ги објаснува молекуларни механизми поврзани со овој процес создава можност за манипулација на механизмите со лекови кои ќе ја надополнат психотерапијата за проблеми како посттрауматски стрес.“

Психотерапијата покажаву знаци на олеснување на емоционалните реакции на треауматски спомени, но нема успех во отстранување на споменот, па пациентите често патат од релапси. Доктор Хуганир и асистентот Роџер Клем се фокусирале на нервните врски во амигдалата, делот од мозокот поврзан со реагирањето на страв кај луѓето и животните. Користејќи звук за да предизвикаат страв кај глувците, тие забележале дека одредени клетки во амигдалата спроведувале повеќе сигнали откако гласот бил изложен на гласен и ненадеен звук. Тие откриле привремено зголемување во нивото на одредени протеини во рок од неколку часа по почетокот на тестот, кои постигнале највисоко ниво по 24 часа и исчезнале 48 часа подоцна.

Прочитајте и:  Овие апликации ви го гушат телефонот: Кога ќе ги избришете, мобилниот ќе ви работи како нов 

Овие протеини се уникатно нестабилни и можат да бидат отстранети од нервните клетки. Доктор Хуганир изјавил: „Решивме да ги отстраниме овие протеини и да ги ослабиме врските во мозокот креирани од траума, со што го избришавме и самиот спомен.“ Во дополнителните експерименти, тие откриле дека отстранувањето на овие проетини зависи од хемиското модифицирање на проетинот GluA1. Кај глувците кај кои не било направено ова хемиско модифицирање, спомените од страв предизвикан од гласен звук се вратиле, а кај другите споменот бил трајно избришан.

Доктор Хуганир предложува дека лековите дизајнирани за контролирање и подобрување на отстранувањето на овие протеини можат да бида користени за подобрување на бришењето на спомените. Тој додал: „Ова можеби звучи како научна фантастика, способноста за селективно бришење на спомени. Но ова еден ден да биде употребено за лечење на спомените од страв кај луѓето, како посттрауматски стрес предизвикан од војна, силување или други трауматски настани.“ [Eternal sunshine? Scientists create technique to delete traumatic memories]

- Реклама -