Откако познатата актерка Рене Зелвегер се појави после долга медиумска пауза со соема ново лице, коментарите на нејзина сметка не престануваат да растат.
Иако четириесет и пет годишната Рене тврди дека се чувствува подобро од било кога, и дека не ја погодуваат негативните коментари, вистината за нејзиниот хируршки зафат е сосема поинаква.
Имено, извор близок на актерката открива дека проблемите започнале уште во 2010 година. Наводно, познатата актерка не добивала повеќе понуди за улоги како порано, а она што и го нуделе не ги задоволувало нејзините амбиции.
Личната несигурност победила, па Рене самата се убедила дека сето тоа е поради нејзиниот изглед, затоа и започнала да бара недостатоци на своето тело, особено на лицето.
Сепак, по се изгледа ни по операциите, актерката не успеала да се пронајде себе, иако тврди дека се чувствува добро во своето тело.
Многу филмски критичари се согласија дека старата Рене беше специфична актерка, поради што и сите ја засакаа.