Откриена мистеријата за исчезнувањето на цивилизацијата на Маите

Една од најпопуларните претпоставки за умирањето на цивилизацијата на Маите е долготрајната суша. Ова беше потврдено од страна на американските научници, цитирано од агенциите.

Во поддршка на оваа теорија доаѓаат резултатите од едно американско истражување, според кое објаснувањето се крие во Големата сина дупка – познатата подводна пештера во Белизе.

Од 300 до 700 година од новата ера Маите владеат на полуостровот Јукатан. По четири века на развој и напредок во различни области мезоамериканската цивилизација исчезнува. Анализата на минерални примероци од седименти во пештерата во Белизе, позната како Големата сина дупка, влезот кон кој наликува идеален син круг, како и од соседните лагуни, покажува дека полуостровот Јукатан бил погоден од екстремна суша помеѓу 800 и 900 година од новата ера .

Климатските катастрофи го означиле почетокот на крајот на древната цивилизација. Маите се преместуваат на север, каде сепак доживуваат друга тешка суша и конечно исчезнува сето она што е останато од древната цивилизација.

Тешките суши неминовно се придружени со глад и немири, објаснуваат авторите на студијата од Универзитетот Рајс. Специјалистите сметаат дека древните суши ги принудиле Маите да расчистуваат повеќе површини за земјоделство и нивните активности довеле до сериозно уништување на шумите.

- Реклама -