Отпадна веднаш по новиот успех на нејзината песна стара 63 години – ТикТок ја освои!

Кони Френсис, позната поп и кантри пејачка, почина во својата 87-ма година, објавија светските медиуми. Нејзината смрт ја потврди нејзиниот долгогодишен пријател Рон Робертс во четвртокот, само неколку недели по нејзиното хоспитализирање во Флорида.

„Со голема тага и тешко срце ви ја пренесувам веста за смртта на мојата драга пријателка Кони Френсис синоќа. Знам дека таа би сакала нејзините обожаватели да бидат меѓу првите што ќе ја чујат оваа тажна вест. Повеќе детали ќе следат подоцна,“ напиша Робертс на социјалните мрежи.

Трагичната вест доаѓа само кратко време откако нејзината песна од 1962 година, „Pretty Little Baby“, стана вирална на ТикТок, враќајќи ја на музичките топ-листи по повеќе од 60 години.